|
2.10.2007. |
Права и обрски на сопствениците на недвижнини и Агенцијата
При објавувањето на недвижнините на сајтот www.Macedonia-Estates.com (во понатамошниот текст означен како веб сајт) од страна на заинтересираните лица за продажба и/или изнајмување на недвижнините врз кои полагаат право на сопственост (во понатамошниот текст означени како продавач), Агенцијата за недвижнини „Естатес“ Струга ДООЕЛ (во понатамошниот текст означена како посредник) како и продавачот ги имаат следниве права и обврски:
Права и обврски на продавачот:
-
Продавачот има право да објави неограничен број на недвижнини на веб сајтот врз кои полага право на сопственост
-
Продавачот има право, по консултација со посредникот, во секое време да ја повлече недвижнината од веб сајтот, со што се прекинува правото на посредникот истата да ја нуди на трети за продажба и/или изнајмување
-
Продавачот има право, по консултација со посредникот, во секое време да изврши промена на купопродажната и/или цената на изнајмување со која недвижнината ќе биде објавена на веб сајтот
-
Продавачот има право да ја нуди недвижнината и на други посредници без никакви дополнителни обрвски кон посредникот
-
Трошоците што ќе произлезат во однос на скици, мерења, судски и други такси, кои што се неопходни за уредување на документацијата за недвижниот имот-предмет на купопродажба или изнајмување, а која што е потребна за презентирање на купувачот и надлежните државни органи и други органи со јавни овластувања ќе ги сноси продавачот
Права и обврски на посредникот:
-
Посредникот го задржува правото објавената недвижнина на веб сајтот од страна на продавачот да ги нуди за продажба и/или изнајмување на трети лица (купувач/изнајмувач) по цена која ќе ја определи продавачот
-
Во случај на потреба, продавачот ќе потпише и завери посебно овластување-полнoмошно за посредникот, коешто посредникот ќе го користи пред сите надлежни органи
-
Во случај на извршена услуга за посредување од страна на посредникот за продажба или изнајмување на недвижнината во сопственост на продавачот на трето лице , посредникот има право на посредничка провизија на купопродажната цена односно на цената на изнајмување на недвижнината, која ќе биде опфатена во посебно потпишан договор за посредување помеѓу посредникот и продавачот, заверен на нотар .
-
Висината на посредничката провизија изнесува:
- За недвижнини кои се на продажба: 2% од проджната цена на недвижнината исплатена еднократно
- За недвижнини кои се за изнајмување: 50-100% од едномесечна цена (кирија) за изнајмување исплатена еднократно
ЗАБЕЛЕШКА: Овие права и обврски се пренесуваат и на недвижнините кои се објавени на веб сајтот од страна на посредникот, а се доставени до посредникот од страна на продавачот преку електронска пошта, телефон, лично или некој друг начин.
|